ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Република > Шилегов: Дивоградбата на Матка досега ќе ја срушевме, ама немаме ингеренции

Шилегов: Дивоградбата на Матка досега ќе ја срушевме, ама немаме ингеренции

1 мин читање

Градоначалникот Петре Шилегов жали што градот Скопје нема ингеренции да ја сруши дивоградбата во Сарај.

-Доколку би имале ингеренции, досега дивоградбата ќе била срушена, изјави Шилегов на прашање од новинарите во врска со дивопоставената метална платформа на Матка која веќе е покриена со дрвени даски.

Шилегов изјави дека државниот инспекторат треба да излезе да лице место и апелираше до општината Сарај да почнат да работат и да не дозволуваат дивеење, пренесува Прессингтв.мк.