Шокантно признание на Ким Кардашијан: „Кога го снимав секс видеото бев дрогирана!“
1 мин читањеРијалити ѕвездата Ким Кардашијан (38) го шокираше светот кога во последната епизода на шоуто „Во чекор со Кардашијан“, откри дека била под дејство на опијати кога го снимила домашното секс видео, како и кога првпат се мажела. Ким признава дека во своите рани 20-ти експериментирала со дрогите.
Таа открива дека била на екстази кога се мажела за музичкиот продуцент Дејмон Томас, како и дека била на истата дрога кога го снимила фамозното видео со поранешното момче Реј Џејм.
-Првпат кога се мажев бев на екстази. Кога повторно земав, снимив порно филм. Тоа е вистина и сите знаат. На снимката се гледа колку ми се тресе вилицата, и кажа Ким на сестра си Кендал и на екс –зетот Скот Дисик.
Оваа информација ги изненади не само членовите на семејството, туку и нејзините фанови.
Потсетуваме, Ким првпат се омажи за Дејмон Томас во 2000 година, а се разведе по четири години. Подоцна исплива видеото дека ја претепал. Фамозното порно кое ја прослави Ким се појави во 2007 година, а е снимено четири години порано.
Ким е сега е во брак со Канје Вест од 2014 година и имаат три деца. Пред Вест беше мажена за кошаркарот Крис Хамфриз. Иако службено се разведоа по две години, бракот на Ким и Крис траеше цели 72 дена.
Вистина.мк