ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Шокантно тврдење: Првата сопруга на Тито имала само 14 години

1 мин читање

Првата сопруга на доживотниот претседател на  Југославија, Јосип Броз Тито имала само 14 годни, тие се венчале кога таа  била во поодмината бременост.

Тито бил во Русија  во заробеништво на царската руска војска за врема на Првата светска војна. Како војник на Австроунгарија Тито во 1915 година бил тешко ранет на источниот фронт. Заздравувањето му траело околу една година во тој период во Омск ја запознал младата Пелагија.

Првата сопруга на Тито била исклучителен убава жена. Тоа е Русинката Пелагија Денисова Белоусова – Полка со која Јосип Броз стапил во брак во Сибир.

Она што во денешно време би било во најмала рака чудно е фактот што убавата Пелагија кога го кажала судбинското ДА имала само 14 години.

Полка или Пелагија која е родена во 1904 година во селско семејство  кога се вљубила во Тито имала само 13 години, и била 11 години помлада од Јосип Броз.

Наклонетоста кон млади жени Тито ја задржал во текот на целиот живот.

Во 1918 година Полска станала официјална сопруга на Јоспип Броз  и по неколку години тие двајца се преселиле во Југославија.

-Тоа биле тешки времиња за младата фамилија. Мајката на Јосип , Марија починала од шпански грип, а неговиот татко Фрањо почнал на пие. Од петте деца која Полка му ги родила на Тито  жив останал само синот Жарко роден во 1924 година, раскажал Миро Симчиќ, авторот на книгата „Тито без маска“.

Во средината на дваесеттите години на минатиот век Полка и Жарко се преселиле во Загреб. Убавата Русинка  била домаќинка а подоцна се вработила како продавачка. Тие живееле во голема сиромаштија.

Во 1926 година Полка и пристапила на Комунистичката партија на Југославија, една година подоцна се запознала со пријателот на Тито Мирослав Крлежа. Таа учествувала и на повеќе демонстрации, по кој била и уапсена.

Јосип потоа станал професионален револуционер и се повеќе се занимавал со политика поради што во 1928 година и бил уапсен и осуден на затвор во траење од 6 години.

Полка кога сфатила дека сопругот Јосип  ќе заврши во долгогодишен затвор одлучила да се врати во Советскиот Сојуз во што многу и помогнал пријателот на Тито, познатиот писател Мирослав Крлежа.

По враќањето дома Полка побарала и развод од Јосип. Тие двајца официјално се развеле по излегувањето на Тито од затвор и  неговото доаѓање во Русија во 1936 година.

Првата сопруга на Јосип Броз Тито, Пелагија починала во Москва во 1967 година каде била и погребана.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0