ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Шокирачка трансформација на Расел Кроу- нема да го препознаете!

Холивудскиот актер Расел Кроу заради филмска улога до толку се трансформира, што е невозможно да се препознае.

Кроу во моментов е ангажиран на снимањето на новата серија во која тој го глуми покојниот Роџер Ејлес, долгогодишем презентер на „Фокс“.

Во серијата, ќе биде прикажан животот на презентерот, како и моментот од 2016 година кога даде отказ заради обвинување за сексуално вознемирување.

Роџер Ајлес во 2016 година беше принуден да замине од „Фокс њуз“ по обвинувањата за сексуално вознемирување од страна на повеќе жени, меѓу кои и водителките Меган Кели и Гречен Карлсон. Жените тврделе дека Ејлес несоодветно се однесувал кон нив на работното место.

Роџер Ејлес почина десет меседи подоцна, на свои 77 години, откако падна во бања.

Инаку Расел Кроу, познат по улогите во блокбастерите „Гладијатор“, „Прекрасен ум“ и „Ное“, кој важеше за холивудски заводник, ја изненади јавноста и во јуни годинава, кога го смени својот имиџ. Повеќекратно наградуваниот актер има 54 години, а брадата и малку опуштениот изглед направија тој да изгледа многу постаро.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0