Што се случува ако авион слета во пустина?
1 мин читањеДали некогаш сте се запрашале што ќе се случи доколку авион мора принудно да слета во пустина?
Боинг 727-200 во сопственост на Сингапур ерлајнс е искористен во 2012 година за потребите на експериментално слетување на авион во пустина.
Овој експеримент првично бил планиран да се изврши во Америка, но тамошните власти тоа не го дозволиле, па истиот се одржал во Мексико.
Како што се наведува авионот полетал од аеродромот Генерал Рудолфо Санчез Табоада, а со него до еден момент управувал пилотот Џим Боб Солкум, професионален пилот кој го напуштил кокпитот и скокнал со падобран. Во тој момент контролата на леталото ја преземал Чим Шанл со помош на компјутер.
Експериментот бил спроведен под строго контролирани услови, а според резултатите доколку дојде до принудно слетување, авионот би се распаднал, но голем дел од патниците имаат шанса да преживеат.