ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Ѓорчев: Поминаа 400 дена абер нема од спроведување на мерки за почист воздух

1 мин читање

Ние имаме гарнитура и на национално ниво предводена од Зоран Заев и Владата, вклучувајќи го и министерството за екологија, но и локални власти во Скопје, во Куманово, во Тетово, во Битола, и во еден куп други места кои што дојдоа на бранот на граѓанскиот активизам, кои што дојдоа на бранот на ветувањата „За живот во Македонија“, а со жалење може да се констатира дека ова е најголемата лага во поновата историја на Република Македонија и дека во оваа т.н. програма „За живот“ нема страна на која што барем нема 10 лаги, посочи пратеникот Владимир Ѓорчев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на претседавањето на Комисијата за животна средина.

Ѓорчев образложи дека нема ветување кое што е исполнето, напротив сите ветувања се погазени, сите ветувања се неисполнети, сите зборови се мртво слово на хартија. Не е зборот збор, туку лагата е лага.

Имаме гарнитура која што дојде со лагата и билборди „Гласајте за број 19“, билбордите велеа „Преземаме итни мерки за чиста вода и чист воздух“, ова е пред повеќе од една година. Овие билборди се избледени, овие билборди се симнати, овие билборди се застарени и мерките веќе требаа да бидат преземени. Овие итни мерки во ветувањата на Заев, Макрадули и Шилегов и останатите требаше да почнат од првиот ден. Не почнаа ни за 10 дена, не почнаа ни за 100 дена, не почнаа ни за 200 дена, не почнаа ни за 300, поминаа 400 дена абер нема од спроведување, констатираше Ѓорчев.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0