ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Градини > Јапонските градини – совршена симболика во просторот

Јапонските градини – совршена симболика во просторот

1 мин читање

Јапонија е земја со голема традиција, кога е во прашање пејзажното уредување. Тоа се согледува преку уникатните градини преполни со хармонија и енергија, кои денес претставуваат предмет на инспирација дури и на најголемите пејзажни архитекти во светот. Јапонските градини претставуваат дел од природата, оформен како простран пејзаж или на мал простор како минијатура.

Jap - 1

Во јапонските градини секој дел, секој елемент има одредена симболика. Па така, додека камењата ги симболизираат планините во земјата и машката сила, водата е олицетворение на нејзините бистри реки и тивки, смирувачки езера и симбол за нежната женска енергија. Нивната вечна конфронтација и неразделиво единство го симболизира постоењето на животната хармонијата.

Секој камен во овие градини си има свое име. Па така, може да се сретне камен чувар, камен набљудувач, камен на љубовта и камен на двете божества, итн. Распоредувањето на камењата е специфична уметност, и голем предизвик за секој пејзажен архитект. Секој камен се избира по форма, структура и боја. При тоа, многу е важно камењата да не лежат поединечно, туку да се вклопуваат органски во пејзажот, создавајќи илузија дека површината на која се поставени е само мал дел од она што е скриено, невидливо за око.

Jap - 2

Композициите што ги формираат, најчесто се со непарен број камења: седум, пет, три. Важен елемент на јапонската градина се камените патеки, кои најчесто се со кривулеста форма. Мостовите заземаат важно место во јапонските градини. Тие се изработуваат од најразлични материјали. Може да бидат изградени од камења (ishibashi) или од дрво, а обложени со земја или мов (soribashi). Според формата, најмногу се користат рамните и месечевите мостови. Месечевите мостови се карактеристични пешачки мостови во форма на лак, и тие секогаш започнуваат со неколку скали со што се нагласува нивната намена. Видови на градини Karesansui се камени градини кои се под влијание главно од Зен будизмот и многу често може да се сретнат во Зен храмовите (храмови за медитација). За разлика од други јапонски традиционални градини, кај нив не е присутен елементот вода, кој е заменет со чакал или песок, кои симулираат чувство за вода. Каменот се јавува како симбол на земјата, а чакалот симбол на водата, надополнети со мов, грмушеста вегетација и по некое дрво со средна висина.

Водното пространство претставено преку чакалот е надополнето со камења со најразлични форми и димензии кои симболизираат острови, реки, планини на апстрактен начин. Tsukiyama градините претставуваат пресликување на познатите пејзажи од живописните предели во Кина или Јапонија. Тие се резултат на стремежот на човекот да се изгради градина на помала површина, а да изгледа пространо. Ова се постигнува преку употреба на високи дрвја и грмушки кои се јавуваат како природна бариера помеѓу градината и околното опкружување.

Jap - 3

Со овој стил на јапонска градина се тежнее кон тоа да ги натера посетителите да се фокусираат кон околните планини кои се наѕираат во далечината. На тој начин се доведува до илузија дека градините претставуваат дел од планината. Составен дел од овие градини е водата во најразлични форми на езера и потоци, потоа релјефната пластичност, растителноста, мостовте и патеките. Chaniwa градините се градат за изведување на секојдневната чајна церемонија. Во овие градини најчесто има изградено чајна кујна од дрвена градба, каде се извршува овој обичај.

Jap - 4

Најчесто овие градини се подигаат во минималистички стил. Многу важни елементи во овие градини се мовчињата, кои водат до чајните градини, како и речните камења (tsukubai) и неизбежните камени фенери. Камените фенери ја осветлуваат “градината за чај”, сеедно дали се запалени или изгаснати ја симболизираат светлината во мракот. Во јапонските градини најчесто се пристапува низ двокрилна врата. Оградата околу неа може да биде повисока, најчесто раситителна, но во никој случај не смее во целост да ја сокрие градината од надворешниот свет. Во самата градина често се среќаваат ниски огради за да ја поделат градината на повеќе катчиња, со цел да се обезбеди засолниште на спокојство.