ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Дрвја > Јапонски јавор (lat. Acer japonicum)

Јапонски јавор (lat. Acer japonicum)

1 мин читање

Постојат различни видови од ова дрво, но воопштено поимот јапонски јавор се однесува на Acer japonicum. Има висечки, густи гранки, а може да се обликува и како бонсаи дрвце. Листовите ја менуваат својата боја во текот на годината од светло зелена во пролет, силна зелена во лето до црвена во есен. Во природата расте до 7 m во висина, но видовите за во градина се до 3 m.

Посадете го на светло место, но заштитено од директни сончеви зраци, во плодна почва и со поголема влажност на воздухот. Не му одговараат многу топли и суви места, бидејќи како последица може да се појават разни болести. Може да поднесе многу ниски температури ако е заштитен од силни ветрови.

Освен во градината може да се одгледува и во саксија. Тогаш треба се внимава да не се исуши земјата ниту пак премногу да се полева. После полевањето или посилен дожд задолжително одлијте ја вишокот вода од подлошката, а во зима полевајте го само на температури повисоки од нула. За време на зимските студови може да го заштитите ако го чувате во термопластична саксија. Пресадувајте го еднаш годишно.

Во градината се сади поединечно. Може да биде на централно место или во комбинација со други растенија. Најчесто се комбинира со грмушкасти и џуџести дрвенести растенија кои растат ниско, а ако е со висок раст поубаво делува кога е изолиран.

Ако е насаден во градината нема потреба од кастрење, освен да ги тргнете гранките кои се оштетени од мразот и тоа најдобро во април. Садниците во саксија треба да се кастрат од мај до септември.

Се размножува од семе и со резници. Резниците се земаат на пролет и со помош на хормони почнуваат да зажилуваат. Треба да имаат 4-6 листови и должина околу 15 cm. Навлажнете ги и потоа потопете ги во хормонски препарат за зажилување на дрвенести растенија. Откако ќе пуштат коренчиња посадете ги вертикално во дупка која на дното има песок, нека останат околу 5 cm над земја. Притиснете ја земјата околу посадената резница и превентивно испрскајте ја со фунгицид.