ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Славни > Ја собори Селена Гомез, а сега му се заканува на Роналдо

Ја собори Селена Гомез, а сега му се заканува на Роналдо

Славната пејачка Аријана Гранде ја симна од инстаграмскиот трон Селена Гомез во „категоријата“ жена со најголем број следбеници на Инстаграм.

Аријана во моментов ја следат 146.410.524 корисници на Инстаграм, додекаСелена Гомез има 146.312.817 следбеници.

До крајот на октомври минатата година, Селена беше најследена личност на Инстаграм, за потоа на тронот на најследени на Инстаграм да се искачи Кристиано Роналдо.

Тогаш таа стана најследена жена на Инстаграм, но сега од таа позиција ја симна Аријана Гранде.

Гранде е многу поактивна на Инстаграм отколку Селена, па за кратко време лесно успеа да собере нови 13 милиони следбеници, со што ја победи Селена.