ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Јубилеј на музејот „Д-р Никола Незлобински“ во Струга

1 мин читање

Музејот „Д-р Никола Незлобински“ во Струга од денеска до 30 ноември ќе го одбележи 90-годишното постоење со ретроспективни изложби посветени на основачот на оваа национална установа – познатиот руски лекар д-р Незлобински.

Во галеријата „Ванѓел Коџоман“ денеска ќе биде отворена изложбата „Русите во Македонија 1920-1940 година“, која раскажува за животот и делото на руските емигранти, меѓу кои бил и Незлобински. Преземена е од Државниот архив на Република Македонија. Оргнизатори се Архивот, Институтот за национална историја и Музејот на македонска борба за државност и самостојност..

Во спомен-собата на Незлобински утре ќе биде отворена изложбата „Во допир со минатото“, а в четврток јавноста ќе може да погледне фотографии од збирката стаклени негативи на д-р Незлобински. Фотомонографија од оваа збирка ќе биде промовирана во Спомен-домот на браќата Миладиновци.

По победата на Октомвриската револуција, многу руски емигранти, симпатизери на претходниот општествен поредок, во 1919 година ја напуштиле Русија и се населиле во европските земји, меѓу кои е и Македонија. Една група од емигрантите, откако пристигнала во Југославија, била распоредена во Струга. Меѓу нив бил и основачот на струшкиот музеј д -р Никола Незлобински.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0