ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Во Швајцарија убиен маж со потекло од Струга, за кого се тврдеше дека го убил Дилавер Бојку Леку

1 мин читање

Во малото швајцарско село Рути, ноќта околу 2 часот, на Божиќ со неколку истрели од огнено оружје бил убиен сопственикот на ресторанот „Барен“ И.Истрефи (51 година) по потекло од Струга.

„Швајцарските медиуми известуваат дека станува збор за крвна одмазда и нетрпеливост помеѓу две непријателски македонски семејства, бидејќи се верувало дека Истрефи го убил Дилавер Бојку Леку, чиј брат и син во 2015 година го убиле едниот син на Истрефи на возраст од 23 години, а го раниле помалиот син кој тогаш имал 18 години на патот кон Горна Белица, струшко“-пишува порталот СВЕДОК.

Локалните жители тврделе дека станува збор за крвна одмазда, а во ресторанот доаѓала „мафијата“.

Еден од соседите за медиумите изјавил дека им било сугерирано во последно време да ги заклучуваат влезните врати.

Сопственикот на ресторанот бил убиен со неколку куршуми кои биле испукани преку прозорците од правец на улицата.

Полицијата пронашла 6 чаури кои биле испукани низ прозорците и насочени кон сега убиениот Истрефи.

Швајцарските медиуми тврдат дека сопственикот на ресторанот во Швајцарија не е првата жртва на крвната одмазда. Според нивните пишувања, имало нетрпеливост помеѓу него и семејството на Дилавер Бојку Леку. Според истите извори, првото убиство било во 2015 година, кога Ситем Истрефи (23 години), син на сега убиениот бил застрелан во Струга. Во август 2017 година пак, беше убиен Дилавер Бојку Леку.

Целата вест прочитајте ја на СВЕДОК.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0