ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Групата „Милениум“ ве води на музичка прошетка низ Битола со нивната серенада – „Ќе те шетам по Широк Сокак“

Битолската  група „Милениум“ која постои веќе 20 години на сцената во овој регион,  направи песна автентична за овој крај, песна на која заедно со целата екипа  потрошија многу време и енергија, посветија големо внимание и љубов запишани во песна,  па потоа визиуелизирани со видео автентично за стиховите и музиката на оваа нумера.

„Како битолска група сакавме на некој начин да му се оддолжиме на градот, а со што друго ако не со серенада“, велат членовите на групата „Милениум“.

Музиката и текстот се на Боби Поповски, аранжманот на Дарко Илиевски, миксот, мастерингот и снимањето ги направил  Дејан Момироски во неговото „ХЛ студио Момироски“, а видеото го потпишува проверениот автор и режисер на видеоспотовии, Даниел Јовески. Во екипата која учествуваше во снимањето биле уште и Гоце Миланоски, Љупчо Андрески, Елена Георгиевска, како и Галоп битолската коњаница и асистентот Никола Ставрески.

Видеото за новата битолска  серенада е снимано на неколку најпознати градски локации како: Широк сокак, Чинарот и Чифте фурни.

По „Битола мој роден крај“ „Ако одам во Битола“,„Битола, бабам Битола“…и најновата серенада „Ќе те шетам по Широк Сокак“, ја продолжуа традицијата во која се опејува еден од најубавите, најурбаи и најкултурни македонски градови, градот на конзулите и клавирите, прекрасната Битола.

А како тоа звучи и изгледа кога групата „Милениум“ ќе ве носи на музичка прошетка по Широк Сокак, можете тоа да го погледнете од видеово подолу.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0