ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Девет сообраќајки изминативе 24 часа во Скопје, едно лице тешко повредено

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди во една од вкупно девет сообраќајки во текот на вчерашниот ден, а 10 со полесни повреди во пет сообраќајки. Во три била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 14 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи поминале на крстосница на црвено светло, пет возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престројување, еден возач не дал првенство на минување на возило во зона на крстосница, 14 возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата и девет возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторното возило. Санкционирани биле и двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.

Од сообраќај биле исклучени вкупно 13 возачи, од кои еден возач го управувал возилото под дејство на алкохол, 10 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи почетници, како и 13 нерегистрирани возила.

Затекнати биле 82 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 72 возила.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0