ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ДКСК ќе ги испитува вработувањата на лицата блиски до функционери

Државната комисија за спречување на корупција по сопствена иницијатива ќе ги истражува последните вработувања на лица блиски до функционери.

– Ќе побараме да ни ја достават целокупната документација од спроведените постапки за вработувањата. По истражувањето и анализата јавноста ќе биде запознаена со наодите, рече претседателката на Антикорпциската комисија, Билјана Ивановска.

Таа истакна дека ќе ги истражат и случаите поврзани со одобрувањето на проектите од годишната програма на Министерството за култура, како и претходно актуелните случаи со доделувањето грантови од Фондот за иновации. Ќе се испитуваат и сите случаи каде, како што рече, ќе се појават елементи на незаконски и со коруптивни корени предмети.

– Ќе го испитаме тој случај во однос на процедурата, постапката, критериумите. Ќе ја побараме документацијата, ќе ја истражуваме и за тоа ќе ја известиме јавноста. Ќе го искористиме и правото од член 17 од законот да вршиме антикорупциска проверка на законите и да кажеме каде треба да се зајакнат да не дојде до вакви случаи, што впрочем е и една од улогите на Комисијата да делува и превентивно, рече претседателката на ДКСК.

Ивановска смета дека институциите треба да ги зголемет контролите, да ги утврдат процедурите за избор на кандидати, и критериумите што ќе обезбедат вредност.

– На крајот на крашитата секој има право да конкурира. Но, дали ние сакаме да најдобрите. Да. Ги сакаме најдобрите, а не роднините. Не треба да пати некој бидејќи е нечиј роднина, но треба да знаеме дека сме го избрале најдобриот, рече Ивановска.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0