ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Ефтимов: Струмица подолг период се наоѓа на врвот од светската листа најзагадени градови

1 мин читање

Струмица со регионот подолго време е на врвот од светската топ листа на загадување на воздухот и иронично кажано го надмина епитетот ,,Европска Струмица”. На големо најавуваните мерки кои владата ги презема за решавање на овој проблем немаат посебен ефект, затоа што истите се насочени кон последиците наместо кон причините. Кога се пристапува кон решавање на проблемот и се барат причините можеби треба да се запрашаме колкав е уделот во загадувањето на урбанистичките решенија врз основа деталните урбанистички планови за градење и градежните активности од изминатите години, изјави Дајанчо Ефтимов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој додаде:

Да се лоцираат поголемите загадувачи наместо да ги обвинувате граѓаните за лоши навики и неодговорност. Едно од можните решенија од времето кога денешниот премиер беше градоначалник беше гасификација на институциите. Имено, се обвинуваа државните институции заради наводно намерното избегнување на процесот на гасификација, а истите според наши сознанија и денес не се приклучени. Односно, да го побараме решението за кое наводно пречка беше ВМРО-ДПМНЕ.“

Според Ефтимов очигледно генералната политика не може да донесе реална гасификација на земјата, но барем проектот виртуелна гасификација да го намали загадувањето.

-Дали со приклучувањето на институциите би станала економски исплатлива инвестиција и би се намалила цената на трошоците за користење на овој енергенс па веројатно и домаќинствата ќе може да се приклучат. Очигледно, загадувањето е предизвик владата со сите најповикани и одговорни лица од регионов да направат се што можат за да ги приклучат државните органи и општински институции на гасоводот во Струмица како конкретно решение за вонредното големо загадување на воздухот директно штетно по здравјето и животот на граѓаните и регионот, потенцираше Дајанчо Ефтимов.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0