ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Загадувањето на воздухот главна причина за зголемениот број повици во Итната медицинска помош

Минимално зголемување на бројот на повици дневно се регистрираат во Итната медицинска помош (ИМП) во Скопје во овој период кога преовладува променливо време, кога има голема влага и загадување во воздухот, како и промени во воздушниот притисок. Дневно во ИМП има до 120 повици, а граѓаните најчесто имаат симтоми на малаксаност, замор, вртоглавица, промени во притисокот…

– Зголемен е бројот на повици, но е толку драматично за да е алармантно. Се јавуваат со различна симптоматологија, со кардиоваскуларни и со белодробни заболувања, со хипертензии, односно со секаков тип проблематика, што е стандардно во Итната медицинска помош, изјави за МИА денеска раководителот на Службата за Итна медицинска помош во Скопје, Милица Бубало.

Таа нагласи дека хронично болните навреме треба да ја земаат терапијата, што им е пропишана од лекарите. Повеќето од нив, посочи таа, знаат дека кога немаат голема потреба не треба да излегуваат надвор кога е загадувањето на воздухот е зголемено и кога има магла.

– Кога има зголемено загадување на воздухот трпи кардиоваскуларниот систем, се губи здив, се јавува отежнато дишење…Поретко треба да се проветруваат просторите, треба да се користат заштитни средства како распрскувачи на воздухот, а пациентите редовно да пијат терапија и да ги почитуваат препораките од  нивниот матичен лекар, додаде Бубало.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0