ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Недела на Шпански филм во Битола

1 мин читање

Националната установа Центар за култура-Битола и Амбасадата на Шпанија во Република Македонија, вечер ја почнуваат неделата на Шпански филмови кои во битолското 3Д-кино ќе се емитуваат секоја вечер, до 5. декември.

Неделата на Шпански филм ќе почне со филмот „Добредојдовте господине Маршал“, а според програмата ќе бидат емитувани и филмовите „Чико и Рита“, „Југот“, „Смртта на велосипедистот“, „Без срам“ и „Црвената верверичка“, а на свеченото затворање ќе биде емитуван филмот „Пеперутка“.

Од НУ Центар за култура-Битола информираат дека филмовите се со превод на македонски јазик, а влезот за секоја филмска проекција е бесплатен.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0