ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Оваа мудра приказна е одлична за да го започнете денот со поука

1 мин читање

Еднаш млада девојка отишла да ја посети својата баба и да се пожали како и е тешко во животот. Не знаела како понатаму и сакала да се откаже од се.  Била изморена од борба. Кога ќе решила еден проблем, се појавувал друг.

Бабата ја однела внуката во кујна. Наполница три лонци со вода и ги ставила на огaн. Во првиот лонец ставила морков, во вториот јајца и во третиот кафе. Седнала и ги оставила лонците на шпорет. По 20 минути го исклучила шпоретот. Потоа го извадила морковот од лонецот и го ставила во сад. Ги извадила и јајцата и ги ставила во сад. И на крај ги извадила и зрната кафе и ги ставила во трет сад.

Бабата се свртела кон внуката и ја прашала: Кажи ми што гледаш?

„Гледам морков, јајца и кафе“, одговорила внуката.

Бабата ја замолила да го допре морковот. Го направила тоа и сфатила дека е многу мек. Потоа, бабата ја замолила да го земе јајцето и да го скрши. Под лушпата имало тврдо јајце. И на крајот ја замолила да ја проба водата во кое било варено кафето. Внуката се насмеала кога ја почувствувала богатата аромa на на кафето.

„Бабо што значи ова?“

Бабата и објаснила дека сите намирници се соочиле со иста неволја – зовриената вода. Но, секоја реагирала различно. Морковот беше тврд, но во водата станал мек и слаб. Јајцето беше кревко. Но, во вриената вода стана силно.

Сепак, зрната од кафе се единствени. Откако биле подложени на топла вода, тие ја промениле водата.

„Во кој пример се пронаоѓаш?“ – бабата ја прашала внуката.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0