ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Познат победникот во аукцијата за универзален снабдувач, маржата далеку помала

ЕВН Македонија е избран за универзален снабдувач со електрична енергија на домаќинствата и претпријатијата откако во наддавањето го победи ЕЛЕМ Трејд на денешната аукција со намалена маржа до 11,5 отсто.

– На самата аукција ја намаливме првичната маржа од 14,4 проценти на 11,5 отсто во корист на потрошувачите кои не сакаат да се изложуваат на ценовни шокови. Либерализацијата за малите компании продолжува. Од маалските продавници па до средните компании од денеска ќе може да очекуваат поевтина електрична енергија која до сега ја плаќале – изјави Кочо Анѓушев, вицепремиерот за економски прашања.

Наведе дека во текот на целокупното владеење на новата власт ниту еднаш не се зголеми цената на електричната енергија.

– Сега повеќе нема да има прикажување нереални трошоци. Со оваа маржа од 11,5 отсто снабдувачот треба да си ги покрие сите трошоци, односно да гледа истите да ги намали ако сака да и остане поголем профит – додаде Анѓушев.

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, рече дека граѓаните нема да потпишуваат нови договори со универзалниот снабдувач и дека за нив останува старата рутина.

Во моментов околу 80 отсто од пазарот ќе биде покриен од универзалниот снабдувач,.а 20 отсто е либерализиран, односно купува од берза.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0