ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Поучна приказна: Немој никогаш, никого да присилуваш на нешто

Едно момче шетало на патот и пронашло желка. Возбудено ја земало во раце и со воодушевување ја вртело на сите страни.

Во истиот миг таа се вовлекла во оклопот и сите настојувања на момчето таа да излезе биле залудни.

Дедото на момчето мирно гледал, но кога видел дека момчето не престанува да го малтретира животното му рекол:

„Немој така. Ќе ти покажам како се прави тоа.“

Ја земал желката, го фатил момчето за рака и ги однел дома. Ја ставил желката покрај огнот да се загрее и по само неколку минути таа ги извадила главата и нозете од оклопот и тргнала директно кон момчето.

„Немој никогаш никој да присилуваш на што било. Секогаш постои начин да го загрееш другиот со својата добрина и тој полесно ќе ти стане пријател.“

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0