ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Смрчата како новогодишна елка

1 мин читање

Смрчата спаѓа во родот на иглолисни зимзелени дрвја (лат. Picea abies – обична смрча) и води потекло од европскиот континент. Слободно расте во Северна и Југоисточна европа каде се јавува како автохтон вид.
Во Македонија растат неколку вида на смрча, од кои како автохтона се јавува само обичната смрча (P. abies). Бодликавата смрча (P. pungens) расте како донесен вид со стопанска намена. Покрај нив, присутна е и омориката (P. omorika), која служи како парковско дрво, но и во шумите.

Низ Македонија минува самата јужна граница на ареалот на смрчата. Природни шуми од обична смрча има во сливовите на реките Пена и Радика, како и во мало изолирано подрачје во месноста Мурите во Беровско.
Родот на смрчи опфаќа околу 35 вида, во кои спаѓа и „обичната смрча“. Може да порасне до 50 м во висина и до 10 м во ширина. Има многу тенка кора и плиток корен (површински), па поради тоа се случува да се искорне при појак ветар.
Цвета во текот на април и мај (машките цветови се во форма на мали шишарки, а женските цветови се всушност вистинските шишарки). Во почетокот, шишарките имаат темнозелена боја и долги до 5 см, а после оплодувањето се завиваат кон земјата и висат. По созревањето и испаѓањето на семките од шишарките и самите шишарки опаѓаат на земјата.

hortikultura-mk_picea_smrca_5
hortikultura-mk_picea_smrca_3


Смрчата бара минимални услови за одгледување, па поради тоа многу добро ги поднесува градската клима и средина (се сади како парковски вид на дрво). Најмногу и одговара полусеновито место за одгледување, никако целосно засенување од околните дрвја. Многу е битно да самиот врв на дрвото допира до светлина. Добро поднесува долги и ладни зими, многу подобро отколку летото. Најголем проблем при одгледувањето на смрчата се летните горештини, без капка дожд, кога е растението е многу слабо и бавно напредува, како и преголема и премала влажност на воздухот. Идеални за неа се длабоки, иловасти и песочни почви. Се размножува со семе како и по вегетативен пат (со потопување на долните гранки во земјата).

hortikultura-mk_picea_smrca_4


Откако ќе се исече, смрчата не е повеќе отпорна на гниење и штетници и трае само 12-18 месеци ако е изложено на надворешни услови. Затоа, нејзиниот дрвен матeријал се препорачува да се користи само за внатрешно уредување.
Смрчата ужива популарност како украсно дрво во хортикултурата поради нејзината симетричност.
Смрчата може да живее дури до 300 години. Можеби не сте знаеле, меѓутоа смрчата е всушност дрвото кое се најчесто продава како новогодишна елка. Одлично поднесува кроење, па поради тоа често се користи и како жива ограда и за бонсаи.

hortikultura-mk_picea_smrca_6
hortikultura-mk_picea_smrca_7
Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0