ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Со новиот црн закон пензионерите, вработените и лицата кои имаат некаков хонорар, од Нова година нема да можат да продаваат на тезгите на зелените пазари

1 мин читање

Црнилата од власта ги зацрни и зелените пазари. Со новиот црн закон пензионерите, вработените и лицата кои имаат некаков хонорар, од Нова година нема да можат да продаваат на тезгите на зелените пазари. Забеганоста оди до таму што при почнатата црна спирала на поскапувања на горивата и лебот, сега законски се бркаат оние кои продавајќи на пазарите скромно го надополнуваат буџетот за корка поскапен леб.

Казната која што со оваа црн закон се  предвидува изнесува од 1500 до 2000 евра. Внимание, од 1500 до 2000 евра ќе бидат казнувани лица кои излегле на пазарите за да извадат некој денар повеќе за корка поскап леб!

Однародените го осиромашија народот, ги скратија примањата, пензиите, ги дигнаа акцизите на горивата, го уништија земјоделството. Ранливите категории на сила ги влечеа од пазарите, им ги шутираа производите, а сега носат и закон со кој што дури 30% ќе бидат спречени чесно да спечалат денар повеќе!

Почитувани, никој, ама никој освен црната власт во својата забеганост, не гледаат причина зошто овие категории луѓе- пензионерите, вработените или хонорарци- не би можеле да тргуваат на зелените пазари?

Ваквиот закон ќе ја зголеми сивата економија. При се’ поскап живот, ќе се формираат диви пазари, како обид за обезбедување на подостоинствена основна егзистенција на народот. Тоа ќе создаде нови социјални проблеми на најранливата категорија граѓани во Република Македонија. Дополнително, во вакви услови на се потешко пласирање на земјоделските производи, овој чекор ќе им ја намали откупната цена.

Црната мерка е спротивна со принципите на слободната пазарната економија, но и е противуставна. Според Уставот секому му е загарантирано право на работа и остварување дополнителен приход.

Почитувани, оваа црна мерка мора веднаш да се избрише, да се бркаат луѓето од зелените пазари, да се казнуваат со илјадници евра, да се понижуваат оние кои чесно работат.

Црнилата мора да запрат. Колку побрзо оваа забегана власт за една намена замине, толку подобро за сите во Република Македонија!

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0