ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Трамп организираше вечера со хамбургери, помфрит и пици

1 мин читање

Американскиот претседател Донакд Трамп организираше вечера за шампионите во колеџ лигата во рагби, тимот „Клемсон Тајгерс“, на чие мени се најдоа повеќе од 300 хамбургери со помфрит и по некоја пица, јави Би-Би-Си.

– Поради блокадата (на федералната администрација)… излеговме и нарачавме американска брза храна, што ја платив јас, изјави Трамп пред новинарите.

Голем дел од федералната администрација во САД не функционира поради спорот околку буџетот меѓу Трамп и демократите во Конгресот, што засегна околку 800.000 државни службеници, меѓу кои и пресоналот на Белата куќа. Државните службеници се или на приниден одмор или работат без плата.

Embedded video

Hunter Walker@hunterw

Here’s a video I shot of President Trump showing off his 300 hamburgers.53.8K12:26 AM – Jan 15, 201925.7K people are talking about thisTwitter Ads info and privacy

Блокадата на администрацијата трае веќе 24 дена, но Трамп одбива да го одбори буџетот за оваа година доколку во него не се предвидат средства за изградба на ѕид на границата со Мексико, на што жестоко се противат демократите.

– Имаме пици, 300 хамбургери, многу, многу помфрит. Нашата омилена храна. Ме интересира што ќе видам на крајот, бидејќи мислам дека нема да остане многу од сето ова, изјави Трамп за време на вечерата.

На новинарско прашање што најмногу сака да јаде од понуденото на менито, Трамп одговори: „се“.

– Ако е американсак храна, ја сакам. Ја сакам секоја американска храна, истакна Трамп.

Тој не соопшти колку платил за вечерата, но нагласи дека не сакал да ја одложи прославата со рагбистите на „Клемсон Тајгерс“ поради блокадата на администрацијата.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0