ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Хари Кејн стана спонзор на Лејтон Ориент

1 мин читање

Капитенот на Англија и Тотенхем, Хари Кејн ги здружи силите со неговиот поранешен тим Лејтон Ориент, а напаѓачот ќе ги спонзорира дресовите на тимот за следната сезона и во исто време ќе донира средства за три благородни каузи. 26-годишниот Англичанец го направи своето деби со тимот на Лејтон Ориент во 2011 година. Дресовите на тимот ќе испратат порака до работниците во првите линии за време на пандемијата от коронавирус.

Хари Кејн му се придружи на клубот кога имал 17 години, откако беше позајмен од Тотенхем. Потоа, тој постигна пет гола на 18 натпревари пред да се врати во „спарси“.

Лејтон Ориент објави дека 10 отсто од секој продаден дрес ќе оди во благородна кауза.

– Роден сум и израснат на само неколку километри од стадионот на Ориент и навистина сум среќен што имав можност да се вратам во клубот што ми го даде мојот прв професионален старт. Исто така, ми дава платформа да изразам благодарност до хероите и добротворните организации кои обезбедуваат грижа и поддршка во овие тешки времиња, рече Хари Кејн.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0