ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Чулев оствари средба со македонските претставници во Албанија

1 мин читање

Денес во Министерството за внатрешни работи остварив средба со Васил Стерјовски, пратеник во Собранието на Република Албанија и претседател на политичката партија Македонска алијанса за европска интеграција од Република Албанија и Таќо Гроздани кој е генерален секретар на партијата.

На средбата разговарaвме за актуелната состојба со пандемијата на КОВИД-19, начинот на справување во Албанија, како и во регионите каде живее македонско население во земјата.

Заеднички констатиравме дека прашањето на македонското малцинство во Албанија е исклучително важно и во иднина институционално ќе ја даваме сета поддршка која е потребна за македонските граѓани кои живеат во пределот на Мала Преспа и Голо Брдо.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0