12 трикови како домот да ви изгледа подобро, без да купите ништо
Појдете на „шопинг“ дома, односно пронајдете стари парчиња во подрумот или во шкафовите и со нив декорирајте си ги собите.
За да го освежите вашиот дом нема потреба да трошите пари. Со некои едноставни трикови, на брз и лесен начин ќе му дадете нов сјај.
Трикови како домот да ви изгледа подобро, без да купите ништо:
Ослободете се од вишокот работи – исчистете и организирајте ги работите што се натрупани
Исперете ги сами или однесете ги килимите на хемиско чистење – вашиот дом ќе мириса на свежо
Некои стари работи аранжирајте ги на нов начин за да изгледаат декоративно и да ви бидат корисни
Садот со лимони на пример изгледа добро, а и дава пријатен мирис.
Организирајте ги полиците такашто ќе ги сортирате книгите по боја или ќе поставите прегради
Појдете на „шопинг“ дома, односно пронајдете стари, но квалитетни парчиња во подрумот и со нив декорирајте си ги собите
Поставете го мебелот поинаку, ова е најбрз и најлесен начин за нов изглед на одредена соба
Со остатоците од старите бои (ако се употребливи) бојадисајте еден ѕид дома или нацртајте нешто
Користете гранки од дрвја и свежо цвеќе за да го декорирате домот
Дадете им нов изглед на старите работи со бојадисување, без разлика дали тоа се вазни или нешто друго
Поинаку распоредете ги перничињата или пронајдете им ново место
Сокријте ги каблите за просторот да изгледа поуредно
Ставете нови фотографии во рамките
Ве молиме пратете не и стиснете лајк: