2018. беше „добра“ за ширење дезинформации
1 мин читањеДезинформациите процветаа. Многу фотографии, иако вистинити, се користеа за да им се даде друго значење: полициското насилство во Франција за време на протестите на „жолтите елеци“ беше критикувано преку фотографија на демонстрантка со крваво лице … снимена пред неколку години во Шпанија.
Едноставна, но ефикасна манипулација, а се појави и многу поопасна закана: т.н. „длабоки лажни”, внимателно манипулирани видео клипови кои овозможуваат некоја личност да се искористи за да се пренесе пораката што се сака да биде пренесена, преку нејзините гестови и тонот на гласот. Сè уште се тешко технички изводливи, но техниката брзо напредува.
Терминот „fake news” беше популаризиран од американскиот претседател Доналд Трамп, а стана реторичка алатка за напади, парадоксално, токму врз медиумите. Сè повеќе го преземаат политичарите во земји од Шпанија преку Кина до Мјанмар. Терминот означува сè и сешто, без разлика дали лажните информации се намерно создадени за да наштетат некому или се пародија, несмасност или грешка, но исто така и потврдени информации.
Или како во случајот со Украина, која кон крајот на мај ја оркестрираше „лажната смрт” на рускиот новинар Аркадиј Бабченко, со цел, како што тврдат властите, да се спречи обид за негово убиство.
„Подарок од небо за параноични и теоретичари на завери од сите видови”, коментира главниот секретар на Репортери без граници, Кристоф Делоар.
Молскавичното ширење лажни информации на Интернет се заснова на слаба, иако стабилна, доверба во медиумите, која изнесува 44 отсто, според истражувањето спроведено од агенцијата „YouGov“ за Ројтерс, спроведено во 37 земји во светот.
Аналитичарот Џон Хаксфорд од Државниот универзитет во Илиноис објасни дека социјалните мрежи можат да ја зголемат дезинформацијата со тоа што делуваат како „ехо комора”, односно создавајќи кредибилитет на написите со еден едноставен факт – корисниците ги споделуваат.
Вотсап – голем извор на лажни информации
Истражувањето на МИТ покажа дека лажните вести имаат тенденција побрзо да се шират на Твитер од вистинитите.
Многу луѓе го критикуваат Фејсбук и неговите повеќе од 2,25 милијарди корисници, бидејќи се склони да дозволат циркулација, па дури и валоризација, на многу лажни информации.
На тоа треба да се додаде и аферата на Кембриџ Аналитика, во која Фејсбук призна дека британската компанија користела податоци на 87 милиони корисници без нивна согласност.
За да ја докаже својата подготвеност за промена, американскиот гигант во 2018 година стави акцент на комуникациската и техничката офанзива почната на крајот од 2016 година, потпишувајќи договор со повеќе од 35 медиуми во 24 земји, како што се Аргентина, САД, Франција и Индонезија, со цел тие „праведно да ги оценуваат написите“ кои циркулираат на Фејсбук. Фејсбук увери дека со тоа може да се намали ширењето на лажни информации.
Меѓу земјите во кои се води жестока битка против лажните информации е Бразил, каде неодамна се одржаа бурни претседателски избори. Но, Кристина Тардакуиља, која формираше медиум за проверка на точноста на информациите изјави дека лажните информации се преселиле на Вотсап (WhatsApp), апликација која има повеќе од милијарда корисници ширум светот и оствари голем пробив во Латинска Америка и Африка.
Откривањето на лажни информации на таа платформа е особено тешко: разговорите, лични или во групи, се шифрирани и приватни.
Во Индија дезинформациите имаа трагични последици. Според пишувањето на индиските медиуми, најмалку 25 лица ги загубија своите животи во текот на една година поради гласините што циркулираа на Вотсап, која има 200 милиони корисници месечно во таа земја. Оваа компанија, подружница на Фејсбук, исто така почна да објавува мерки против таа чума: во Бразил овозможи полесно испраќање на барањата од корисниците до медиумите за да ја проверат точноста на информациите.
Сепак, и покрај иницијативите за проверка на точноста на информациите, кои стануваат се повеќе и повеќе (162 во светот според извештаите на Репортерс лан од Универзитетот Дјук) и разните мерки чии резултати се се уштеслаби, дезинформациите честопати се во предност.