Социјалните мрежи вријат откако општината Карпош покажа на дело како не знаат да управуваат со општината иако ветуваа живот за сите.
Од ветувањата во Карпош за грижење на зеленилото и за квалитетот на животот на Карпошани останаа само празни ветувања, а делата на градоначалникот говорат нешто сосема спротивно.
– Баш е фино кога општината се грижи за зеленилото и за квалитетот на живот на своите граѓани
Чума поморија, најмалку 10, 30-сет годишни дрва на Булеварот Теодосиј Гологанов, кај Веро во Тафталиџе!!!
Кај сте паркобрани!
Или – НЕМА КЕШ, НЕМА ПАРКОБРАНИ!!!, пишува на својот Фејсбук статус актерот Роберт Вељановски.
Ова се само дел од реакциите на социјалните мрежи по повод сечењето на дрва и никнувањето на нови згради во Карпош.