73-годишна жена повредена во сообраќајка во Скопје
1 мин читање
Седумдесет и тригодишна жена е повредена во сообраќајна несреќа во Скопје. Според полицијата, вчера во 7,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Кемал Сејфула“ возило „мерцедес вито“ со скопски регистерски таблици управувано од Ј.Б.(48) од село Грчец-Скопско удрило во пешак Ж.Ш.(73) од Скопје.
Ж.Ш. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ве молиме пратете не и стиснете лајк: