ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести од светот > Mајка го видела духот на својот починат син на безбедносна камера

Mајка го видела духот на својот починат син на безбедносна камера

Американка тврди дека на домашната безбедносна камера го видела духот на своето дете кое починало пред две години и на Фејсбук објави кадар од тој момент.

Според кажувањата на Џенифер Хоџ од Атланта, бизарниот миг се случил минатата седмица, додека таа една вечер гледала телевизија со ќерка си. Нивната камера се активирала поради движење или звук, па кога ја провериле, на снимката, наводно, се гледал ликот на нејзиниот син како дух.

Роби Хоџ починал 2016 година, кога имал 23 години, најверојатно од предозирање со Ксанакс. (МИА)