Microsoft ја претстави дигиталната конзола Xbox One S All Digial Edition
1 мин читањеMicrosoft соопшти дека новата верзија од својата нова конзола ќе започне да се продава на 7 мај по цена од 249 долари. Новиот модел ќе се продава со стандарден Xbox One S и посилен Xbox One X. Меѓутоа, All Digital Edition конзолата нема да доаѓа со Блу Реј драјв, со што цената се намалува за 50 долари.
Microsoft за дигиталниот модел на конзолата го избра HDD од 1 терабајт, а со неа доаѓаат и дигиталните верзии на игрите Forza Horizon 3 Sea of Thieves и Minecraft. Конзолата е иста како и постоечката, само што нема 4K Блу Реј драјв.
Компанијата Microsoft очигледно ја тестира идејата на комплетно дигитални конзоли, што е дел од оригиналната верзија за Xbox One. Компанијата претходно планирала да им овозможи на корисниците на Xbox One да ги делат сите игри по дигитален пат, но проблемите поврзани за користени игри и онлајн проверка ја присилиле компанијата да се откаже од плановите.