Nubia Red Magic Mars, телефон со повеќе RAM меморија од компјутер
1 мин читање
Кинескиот бренд Nubia го претстави својот прв гејмерски телефон Red Magic кој што може да се пофали со импресивен хардвер, но очигледно во компанијата сметаат дека и тоа не е доволно.
Red Magic беше претставен на почетокот од оваа година, а телефонот располагаше со Snapdragon 835 процесор и 8 GB RAM меморија. Пред крајот на годината, Nubia, инаку бренд кој што е „под капа“ на ZTE, одлучија да претстават нова, подобрена верзија на својот гејмерски паметен телефон.
Така, новиот Red Magic Mars пристигнува со импресивни 10 GB RAM меморија, а од Nubia ова „претерување“ го оправдуваат со тоа што на нивните корисници сакаат да им овозможат беспрекорно гејминг искуство.

Покрај тоа, унапреден е и процесорот, па сега новиот модел Red Magic Mars има Snapdragon 845 процесор, а за да нема прегревање на хардверот, телефонот има посебен систем на ладење.
За разлика од најновите премиум телефони, Red Magic Mars пристигнува со само една камера на задната страна која што има 16 мегапиксели, додека на предната страна е поставена селфи камерата од 8 мегапиксели. Овој телефон ќе биде пуштен во продажба на кинескиот пазар на 7-ми декември, а најмоќниот модел со 10 GB RAM и 256 GB интерна меморија ќе чини околу 500 евра.