ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Teлата на две жени пронајдени во замрзнувач во Лондон, уапсен е 50 годишен маж

1 мин читање

Британската полиција минатиот месец пронашла тела на две жени во замрзнувач во источниот дел на Лондон.

Минатата недела била идентификувана првата жртва, 38-годишната Мирикан Мустафа, позната и како Мери Џејн. Таа имала три деца, а нејзиното исчезнување било пријавено од страна на семејството лани на 10 мај.

Полицијата го открила и идентитетот на другата жртва. Се работи за Хенријета Суч, на возраст од 34 години од Унгарија. Таа живеела неколку години во Велика Британија, но немала постојана адреса на живеење, изјавила полицијата.

Како што пренесува „Индепендент“, последниот контакт што го имала со некој, бил летото во 2016 година. Тогаш наводно таа зборувала по телефон со роднина од Унгарија.

Смрзнатите тела на жените биле пронајдени на 26 април. Биле облечени и поставени една врз друга.

Иако обдукција била направена, причината за смртта не е позната. Се знае само дека двете жени имале повеќе повреди на себе.

Телата се пронајдени по пријава на соседи кои биле загрижени за станарот кој живеел во станот и кого го посетувале сомнителни личности. Триесет и четиригодишниот Заид Јунис бил приведен и треба да се појави пред судот на 29 мај.

Мораме подетално да го истражиме случајот за да добиеме поширока слика. Сега се обидуваме да ги поврземе двете жртви. Дали се познавале, со кого се дружеле, што правеле на ова подрачје – рекол еден од детективите и додал дека начинот на кој умреле е навистина „шокантен“.

Истрагата е во тек.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0