ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Мицкоски: Уште еден неуспех на Владата и Заев, најлош резултат на нивото на странски инвестиции во последните години

Поразите и измамите на оваа Влада на Зоран Заев и СДСМ стануваат
секојдневие.
По катастрофалното лошо ниво на капитални инвестиции реализирани во
првите 4 месеци поразителни се и бројките за странски директни инвестиции.
Имено ова е најлош резултат во изминатите 10 години. Уште еден неславен
рекорд.
Странските директни инвестиции во првиот квартал од 2019 година
изнесуваат скромни 21.6 милиони евра. Приливите по основ на директни
инвестиции се ниски и најчесто доаѓаат од фирмите кои веќе работат во
Република Македонија. Нови инвестиции воопшто и да нема.
Во февруари на пример имало одлив на капиталот од директните странски
инвестиции во износ од 300 илјади евра, а во март одливот на капиталот од
директните странски инвестиции е поголем и изнесува 6.8 милиони евра.
Дополнително, доколку го споредиме овој квартал со кварталите од
изминатите десет години, странските директни инвестиции во првиот квартал од
2019 година се убедливо најниски.
Ова е потврда дека нереалното ниво на странски директни инвестиции
кои се постигнати на крајот од минатата година се надуван резултат кој е
последица на реинвестираната добивка кој вештачки го подигна процентот на
директни странски инвестиции. Нешто за што веќе дебатиравме и на нешто на
коешто веќе предупредувавме.
Голема лага е дека има успех во странските директни инвестиции.
Бројките и фактите се немилосрдни. А тие велат уште еден пораз, неисполнето
ветување на Владата на Зоран Заев и СДСМ, и немање на развојна економија. И
тоа во време кога регионот бележи огромни успеси на ова поле, додека
Македонија е целосно заобиколена.
И нема да биде подобро. Затоа што времето поминато со оваа влада е
неповратно загубено. Граѓаните скапо ја плаќаат неспособноста на власта.
Потребни се промени, кои ќе донесат резултати, работа и успеси за подобар
стандард за секој човек. На Македонија и е потребна економска обнова за
подобар живот на граѓаните.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0